ВИДЕО: Велјаноски – Надзорните не смеат да бидат поткрепа за нечии митинзи

Од:

Претседателот на Собранието жали што освен ДПА, опозицијата не дојде на закажаната координација околу нивното барање за надзорни расправи. Една година рече, ова беше заборавено од политичките партии.

Ќе подржи се што знали зајакнување на законодавната власт, но предупреди, не смее кога е партија во опозиција, селективно да ги применува прописите.

„Апелирам политичките партии во опозиција зад себе да го остават селективното толкување и примена на законот за Собрание.Надзорните расправи не смеат да бидат поткрепа на нечии митинзи“, рече Велјаноски.

Велјаноски на упорното инсистирање на новинарите да каже, дали доколку опозицијата не дојде на координација, ќе закаже надзорна расправа, упорно одговараше дека дека сите 33 чекори договорени на координација , заедно со НДИ, мора да се почитуваат. Нагласи дека секој има обврски со чекорите, а една од нив рече, е и договорот на координација.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба