Вашингтон го осуди пучот во Мјанмар: Директен напад врз владеењето на правото

Од:

Воениот удар во Мјанамр, апсењето на премиерката Анг Сан Су Чи, и други официјални лица, како и воведувањето национална вонредна состојба, се директен напад врз транзицијата на земјата во демократија и врз владеењето на правото, соопшти денеска Белата куќа.

-Во една демократија, силата никогаш не треба да надвладее над вољата на народот или да се бришат резултати од кредибилни избори. Повеќе од една деценија народот на Мјанмар истрајно работеше да реализира избори, граѓанска влада и мирен трансфер на власта. Тој прогрес треба да биде почитуван, порача претседатеот Џо Бајден.

Од Белата куќа наведуваат дека меѓународната заедница треба едногласно да ја притисне армијата на Мјанмар веднаш да отстапи, да ги ослободи активистите и официјалните лица, да ги укине сите телекомуникациски рестрикции и да се воздржи од употреба на сила против цивили.

-САД ќе работат со партнерите во регионот и пошироко, за поддршка да се обнови демократијата и владеењето на правото, а одговорните за уривање на демократската транзиција да бидат ставени пред лицето на правдата.

Се укажува дека „САД ги укинаа санкциите против Бурма во текот на изминатата деценија бидејќи имаше прогрес во демократијата. Во случај тој прогес да запре, Вашингтон повторно ќе разгледа опции за воведување на санкции“.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“