ВИДЕО: Поплави во Грција: загина пожарникар, деца спасени од градинка

Од:

Во невремето со обилен дожд што од синоќа го зафати регионот Еврос и предизвика поплави во градот Александрополи во североисточниот дел на Грција, денеска биле евакуирани деца од градинка, како и ученици од основно училиште, а загина еден пожарникар.

Грчките медиуми објавија дека пожарникарот загинал додека се упатувал кон училиштето за да им помогне на учениците, со возилото заглавил во надојдена вода, што го повлекла кога излегол од возилото.

Смртта на 46-годишниот пожарникар ја потврдија и од Противпожарната служба на Грција и соопштуваат дека бил повлечен од надојдената вода од канал, во моменти додека бил на служба.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА во село во општина Александрополи, со помош на Противпожарната служба на Грција биле пренесени на безбедна локација 21 дете и двајца вработени во детска градинка, како и 100 ученици и нивните наставници од основно училиште.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос