Војската во Мјанмар планира нови избори, сите банки најавија затворање

Од:

Вооружените сили на Мјанмар објавија планови за одржување избори по завршувањето на вонредната состојба и формирање нова влада, објави агенцијата Синхуа.

Како што наведува агенцијата, вонредната состојба, по која ќе се одржат изборите, ќе трае една година, а потоа овластувањата ќе бидат пренесени на новата влада.

Во меѓувреме, Здружението на банки во Мјанмар објави времено затворање на сите банки во земјата поради лошите интернет-врски во услови на политичка ситуација.

Банките ќе побараат дозвола од Централната банка за времен прекин на активностите и ќе известат кога нивната работа ќе продолжи.

Војската во Мјанмар изврши денеска државен удар против Владата на Анг Сан Су Чи, која е уапсена, на денот кога пратениците трабаа да се вратат во Парламентот, првпат по изборите кои се одржаа во ноември минатата година, а кои војската ги смета за нерегуларни.

Војската прогласи вонредна состојба и соопшти дека апсењето на мјанмарската лидерка и други високи официјални претставници претставува одговор на изборната измама.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска