Средба на Гордон со Николиќ и Дачиќ

Од:

Помошникот американски државен секретар Филип Гордон одвоено разговараше со српскиот претседател Томислав Николиќ и со идниот премиер Ивица Дачиќ.

Српскиот претседател Николиќ по средбата изјави дека на Гордон му кажал дека е неопходно меѓународните структури кои се присутни на Косово да ја извршуваат својата должнот во согласност со мандатот кој го одобрила и република Србија и да ја осигураат безбедноста и заштитата на сите граѓани.

Тој на американскиот функционер му пренел дека „во последно време се неприфатливи инцидентите во кои државјани на Србија се повредени или смртно страдаат што очигледно намерно и се почесто се случува, што нема да допринесе за смирување на ситуацијата“.

Гордон рече дека САД ќе соработуваат со секоја влада која ќе биде избрана во парламентот. Тој имаше средба и со мандатарот Ивица Дачиќ, а синоќа и со претседателот на ДС, Борис Тадиќ.

Американскиот функционер по Белград ќе ја посети Приштина но и Северно Косово каде е планирано да разговара со претставниците на КФОР и Еулекс.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор