Чешка се справува со последиците од поплавите

Од:

Додека во северниот и северозападниот дел на Чешка, во местата по текот на реката Лаба, луѓето се уште се борат со надојдената вода, во поголемиот дел од земјата веќе започна чистење и отстранување на последиците.

Како што јави дописникот на МИА од главниот град Прага, луѓето се враќаат во своите домови, ги расчистуваат поплавените предмети и најголем проблем имаат со калта која по извесно време се стврднува и тешко се отстранува.

– Дури кога ќе се повлече водата, ќе се покаже правиот пекол. Пола метар кал, делови од дрвја, скршени стакла на прозорци. Никој не знае, што има под водата, но претпоставуваме од претходните поплави, вели за весникот „Право” Мартин Крижек, кој се пријавил како пожарникар доброволец.

Пустошот кој го остава големата вода по себе може тешко да се замисли. Во дворовите на поплавените куќи и во внатрешноста има ѓубре, остатоци од дрвја, мебел и други остатоци.

Оштетените граѓани ги пријавуваат штетите и поднесуваат барања за испумпување на водата од нивните имоти.

Според пожарникарите, поплавите зафатиле 700 општини, а осигурителните компании претпоставуваат дека штетата ќе изнесува до четири милијарди евра.

Министерството за финансии донесе одлука, на луѓето и фирмите кои се оштетени од поплавите годинава да им избрише дел или цел данок од доход.

Поради дефекти на 80 водоводи и 900 бунари без вода за пиење се 34.000 луѓе.

Градоначалниците на општините погодени од поплавите ќе добијат упатства како ќе можат да ги пријават штетите, а луѓето имаат право на надомест до 2.000 евра.

Средства се обезбедуваат и прекухуманитарни организации и доброволни прилози.

Полицијата, во најзагрозените делови забележала зголемен број на кражби. Во Устецкиот крај и натаму без струја се 7.500 домаќинства, а околу 1.900 корисници се без плин. Во Прага, постепено се пообрува сообраќајот, трите линии на подземната железница се во функција со исклучок на неколкустаници во близина на реката Влтава.

Според метеоролозите, врнежите од дожд во одделни делови од Републиката ќе потраат до половината на идната недела.

И Словачка го има најлошото зад себе, пишуваат денеска медиумите во земјата. Според весникот „Час”, водостојот на реката Дунав во главниот град Братислава од синоќа се намалил за 11 сантиметри од 1.034 сантиметри колку што изнесуваше синоќа.

Најголем проблем имаше малата периферна западна област Девин, која по надоаѓањето на водата беше отсечена од останатиот дел на метрополата.

Војската по неколку часа, со тешки товарни возила успеа да воспостави сообраќајна врска со најзагрозените делови. Неколку десетици жители беа евакуирани.

Девин, каде се наоѓа устието на реките Дунав и Морава традиционално најмногустрада при поплавите.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите