(ВИДЕО) Координација за пописот: Спроведувањето на пописот е висок државен интерес, непотребна е негова политизација

Од:

Законското решение не е пречка да се одржи успешен попис, проблемите се околу неговата политизација, порача претседателот Стево Пендаровски на денешната координација на државниот врв и градоначалниците организирана од Државниот завод за статистика по повод претстојниот попис.

-Проблемите не се ниту законски, ниту технички, ниту здравствени, туку во неговата непотребна политизација, која се креира во јавноста со повици за бојкот ако резултатите не отсликуваат нечија замислена бројка. Тие не доаѓаат од една страна и се рефлексија на стравот од резултатите, што пак произлегува од концептот на човекови права како збир на привилегии што некој некому ги дава. Затоа, кога се пребројуваме во регионот се уште веруваме дека силата е во бројките и дека само така ги остваруваме правата. Но, човековите права не се привилегии што можат да се одземат или изгубат во зависност од нечија одлука или волја и тие не зависат од бројката. Во демократска држава со европска иднина стекнатите права не сметат да се одземаат туку само да се зголемуваат, рече Пендаровски.

Според него, ако постои една работа што треба да не исплаши, тоа е таа на иселени граѓани,на млади луѓе кои засекогаш ја напуштиле државата во потрага за подобра иднина, а вели, се иселуваат од секоја етничка и верска припадност, и од сите општини и градови.

Претсдетаелот на Собранието Талат Џафери порача дека Пописот не е и не смее да биде политичка операција.

-Редно е да се издигнеме над тој порив, редно е да се вброиме меѓу земјите кон чие што друштво и целиме. Во прилог на ова е сериозноста со која сите институции, почнувајќи од Државниот завод за статистика, Министерствата кои за целите на пописот соработуваат со Заводот, Единиците на локалната самоуправа и сите чинители се вклучени во планирањето и подготовката на Пописот кој се рангира како активност од висок државен интерес за кој што во Собранието беше донесен и посебен Закон и врз основа на истиот се спроведува дури и оваа денешна активност на информирање и давање на адекватна поддршка и вклучување на институциите од највисоко ниво, рече Џафери.

Според него, квалитетното спроведување на пописот и резултатите од него ќе бидат одлична основа за донесување на закони и развојни политики засновани врз прецизни податоци кои повторно, ќе бидат од директна полза на граѓаните во единиците на локалната самоуправа, со што ќе овозможи рамномерно распоредување на јавните здравствени установи, училишните, спортските и културни центри.

– Да смогнеме сили, да го оставиме настрана нашето себично размислување и да се издигнеме над ситуацијата, да ги прифатиме резултатите од пописот и да се поместиме веќе еднаш од таа мртва точка на која сме заглавени со нашиот анахрон ментален склоп за да не дојде ред да правиме попис на иселени и преостанати жители во Република Северна Македонија. Се надевам дека месец април ќе биде потврда за тоа дека сме созреале како држава, после цели 20 години и дека сме спремни да бидеме полноправна членка на Европското семејство, рече Џафери.

Премиерот Зоран Заев се оврна на ризиците и заканите кои, вели, се уште го демнат пописот, адресирајќи ја најавата за бојкот на пописот од страна на опозицијата.

-Сметам дека тоа е најлошата одлука што може да ја донесе некој политички субјект бидејќи, освен што е правно недозволив, бојкотот носи само конфузија меѓу граѓаните, сериозна штета за државата и ништо добро, ништо позитивно. Повикот за бојкот. Без разлика дали е лажно спакуван како повик за неучество или повик за минирање на најважната статистичка операција за земјата, е неодговорно однесување и отсуство на елементарна свест дека со неспроведувањето на пописот стануваме единствена земја којашто нема да може да планира каков било развој од економски, образовен, културен аспект. Таквиот став е свесно туркање на земјата во провалија и закана дека ќе останеме црна дупка во светот како изолирана земја која што не поседува податоци за да може да ги испланира следните 5, 10, 50 или 100 години од сопствената иднина, рече Заев.

Тој праша кому му одговара да имаме иднина планирана врз погрешни податоци стари повеќе од 20 години? Кому му одговара да имаме промашени планови за развој? Никој не сака таква земја за партнер. Ниту еден инвеститор нема да покаже интерес да инвестира кога ќе види дека земјата ги нема основните статистички податоци за нејзините ресурси за официјалната работна сила, за пазарот, за потрошувачките навики.

Тука сме пред вас, за да укажеме колку е важно државата и сите нејзини институции и чинители на централно и локално ниво, да дадат поддршка на Државниот завод за статистика, за успешно да ја спроведе стратегиски важната статистичката операција – Попис 2021, нагласи Заев.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

A1on

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

A1on

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска