Четиринаесет приведени по вчерашниот протест против абортусот во Полска

Од:

Четиринаесет лица се приведени по синоќешните демонстрациите пред Уставниот суд на Полска против заострувањето на одредбите од Законот за абортус, соопшти полицијата, пренесе ДПА.

Според Марта Лемпарт, лидерот на Националната женска организација за правата на жените Стирке, која ги предводи протестите, од приведените пет лица се уште се наоѓаат во полициски притвор, меѓу кои и Клементина Суканоу, една од лидерите на женскиот протест.

Полицијата доцна синоќа ги опколи демонстрантите пред Уставниот суд, дозволувајќи им да заминат само по презентирање на доказ за идентитетот. На крајот, полицијата насилно ги отстрани од платото сите кои не се придржуваа до наредбата.

Според законите за спречување на коронавирусот во Полска се забранети сите јавните собири со повеќе од пет лица. Меѓутоа, некои сметаат дека забраната е незаконска, како непотребна процедура извлечена од Уставот, што не може да се надгледува за време на примената.

Протестите против ограничување на правото на абортус, кои првпат избувнаа кон крајот на минатата година, продолжија доцна во средата, откако Уставниот суд во октомври ја донесе својата одлука за абортусот. Со пресудата судот одлучи дека абортусите извршени поради неповратни вродени дефекти – опфаќајќи широк спектар на состојби од Даунов синдром до фатални болести – се нелегални според Уставот.

Ваквите вродени дефекти во 2019 година ги претставуваа речиси сите 1.110 легални абортуси извршени во Полска, држава со 38 милиони жители, пренесува ДПА.

За денеска се планирани нови демонстрации во главниот и другите градови низ Полска.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази