Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер по вчерашната победа на Вимблдон и по пауза од две години повторно е на врвот на АТП листата. Последен пат Федерер број 1 тенисер во Светот беше во мај 2010 година.
До денеска најдобар тенисер беше Србинот Новак Ѓоковиќ, кој со поразот во полуфиналето на Вимблдон, го изгуби лидерското место на листата на најдобри светски тенисери.
Освен изедначениот рекорд од седум титули во Лондон, Федерер се изедначи и на врвот на АТП кој денеска ја почнува 286 недела како прв играч.
Пласман на првите 10 на АТП листата:
1. Рожер Федерер (Шва) 11,075
2. Новак Џоковиќ (Срб) 11,000
3. Рафаел Надал (Шпа) 8,905
4. Енди Мареј (В.Бр) 7,460
5. Давид Ферер (Шпа) 5,430
6. Џо Филфред Цонга (Фра) 5,230
7. Томаш Бердих (Чеш) 4,515
8. Јанко Типсаревиć (Срб) 3,215
9. Јуан Мартин дел Потро (Арг) 3,180
10. Николас Алмагро (Шпа) 2,605.