ЈО: Побаран притвор за скопски таксист што превезувал дрога

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против скопјанец на возраст од 52 години, вработен во такси компанија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а јавниот обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор против осомничениот со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка.

Како што информира ЈО, при извршен преглед на возилото во средата околу 23:00 часот во Куманово, на улицата „Трст“ во непосредна близина на ОУ „Бајрам Шабани“, службените лица пронашле дрога која осомничениот неовластено заради продажба ја држел и пренесувал.

-Наркотичната дрога марихуана, во вкупна нето маса од 156,6 грама, осомничениот ја држел во внатрешноста на возилото, во самиот негов скут, спакувана во едно најлонско пакување, соопшти Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он