Осум поранешни команданти на ФАРК обвинети за киднапирања во граѓанската војна во Колумбија

Од:

Првпат по завршувањето на граѓанската војна во Колумбија, осум поранешни команданти на левичарската герилска организација ФАРК се обвинети од постконфликтниот специјален трибунал(ЈЕП), за нивното учество во масовните киднапирања, јави ДПА.

Во текот на неколкуте децении од граѓанската војна во земјата, бунтовниците на ФАРК киднапирале илјадници луѓе со цел преку откуп да дојдат со пари со кои ја финансирале нивната вооружена борба против колумбиската држава, додава германската агенција.

Герилците, наводно, ги лишувале „луѓето од слобода, и условувајќи го нивното ослободување, како и нивната благосостојба, интегритет и живот, извршиле воено злосторство, особено со земање заложници“, се наведува во вчерашното соопштение на Специјалниот трибунал, пренесува ДПА.

Меѓу обвинетите се наоѓа и поранешниот лидер на герилците и сегашен лидер на партијата „ФАРК Комунес“, Родриго Лондоно, попознат и како „Тимоченко“, како и други високи поранешни членови на ФАРК.

Тие сега имаат рок од 30 дена да се изјаснат дали ќе прифатат да одговораат за обвиненијата. Доколку поранешните герилски команданти ги признаат своите постапки, треба да добијат значително намалување на казните.

Во правната постапка се оперира со бројка до 8.500 киднапирања за периодот меѓу 1993 и 2012 година.

Во 2016 година се затвори 52 години долгиот конфликт, кога тогашниот колумбиски претседател Хуан Мануел Сантос потпиша историски мировен договор со ФАРК, со кој околу 7.000 борци беа демобилизирани, а ФАРК стана политичка партија.

Во повеќедецениската граѓанска војна имаше 220.000 смртни случаи, додека милиони луѓе беа раселени, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски