Најмалку седум загинати во две експлозии во Багдад

Од:

Најмалку седум лица загинаа, а повредени се над 20 во две експлозии на автомобил бомби во Багдад, соопштија ирачки официјални лица.

Првиот автомобил бомба бил активиран во близина на сточен пазар во југоисточното предградие на Багдад, при што загинале четири цивили, а повредени се 22 лица.
Другата експлозија се случила во индустриска зона во југозападниот дел на Багдад, при што загинале три лица, а повредени се 11 луѓе.

Здравствени службеници го потврдија бројот на повредени.

Насилствата во Ирак се интензивираа изминатите неколку недели, што ги зголеми стравувањата од враќање на секташкото крвопролевање во земјата.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак