Јапонија вежба вакцинирање додека ги чека вакцините, ќе стигнат на крај на февруари

Од:

Здравствените работници во Токио, Јапонија, додека ги чекаат вакцините, вежбаат вакцинирање. Вакцините очекуваат да им стигнат до крајот на февруари, а додека ги чекаат, лекари и медицински сестри вчера направиле вежба за да утврдат колку лица може да бидат вакцинирани за еден час и во кој момент постои опасност луѓето премногу да се приближат едни до други и да го зголемат ризикот од инфекција. Вежбата се одржала вчера во Кавасаки, префектура Канагава, град близу Токио.

„Дваесет и четири лица, вклучувајќи лекари и медицински сестри, учествуваа во вежбата, одржана во гимназијата на градскиот колеџ за медицински сестри Кавасаки, како персонал. Уште 20 други луѓе играа улога на приматели на вакцини. За нив прво се вршеше проверка на идентитет, пополнуваа медицински прашалник, се утврдуваше нивната здравствена состојба, а потоа ја примаа вакцината. По боцкањето им беше речено да чекаат на местото 15 минути за следење на состојбата по добивање на вакцината“, пренесоа јапонските медиуми.

Податоците од вежбата јапонското Министерство за здравство најавило дека ќе ги достави до сите локални самоуправи за полесно вакцинирање.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови