Меѓу туристите кои за неколку месеци ќе заминат во вселената со вселенското летало „Вирџин Галактик“ ќе биде и канадскиот пејач Џастин Бибер.
Тинејџерската поп ѕвезда се придружи на познатите личности што веќе резервираа места во вселенското летало на британскиот милијардер Ричард Бренсон, како што се Леонардо ди Каприо и Ештон Кучер, пренесува Би-Би-Си.
Воодушевен од одлуката на младиот пејач, Бренсон по пат на Твитер му порача: Честитам, се гледаме таму горе!
Вселенското летало „Вирџин Галактик“ својот прв пробен лет го имаше минатиот април во Калифорнија.