Германија очекува економско ниво како пред кризата до средината на 2022 година

Од:

Германскиот министер за економија Петер Алтмајер изјави денеска дека со прекинот на блокадата, предизвикана од коронавирусот во земјата, се очекува многу сектори брзо да закрепнат.

– Мораме да направиме напори идните генерации да не бидат оптоварени со долгови од оваа криза, истакна Алтмајер, додавајќи дека очекува германската економија да ги достигне нивоата како пред кризата, до втората половина на 2022 година. „Сега не е момент да зборуваме за ублажување на мерките. Треба да се придржуваме кон ограничувањата во следните недели за да го запреме вирусот“, нагласи германскиот министер.

Германската Влада денеска ја намали прогнозата за раст за оваа година на три отсто. Кон крајот на октомври минатата година, Владата предвиде раст од 4,4 проценти оваа година. Набргу потоа, земјата започна делумна блокада и ја зајакна кон средината на декември.

Официјалните бројки објавени претходно овој месец покажуваат дека економијата се намалила за пет отсто минатата година, завршувајќи ја деценијата на раст. Сепак, ова е помал пад отколку што многумина очекуваа.

Би можело да ве интересира

Летово во Германија ќе може да се патува без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19

Германскиот Уставен суд ја одобри задолжителната вакцинација на здравствените работници

Германија првпат по седум месеци нема смртен случај од Ковид-19

Во Германија завршува рокот на употреба на над 10 милиони дози вакцини против коронавирус

Германец примил 87 вакцини против ковид

Германија ги укинува антиковид мерките и покрај рекордниот број заразени минатата седмица