Тихановскаја: ЕУ и САД мора да направат повеќе против Лукашенко

Од:

Европската унија и Соединетите Американски Држави мора да сторат повеќе за да помогнат да се стави крај на владеењето на белорускиот претседател Александар Лукашенко, изјави денеска лидерот на опозицијата Светлана Тихановскаја, повикувајќи ја ЕУ да воведе нови санкции.

– Клучно е да се изврши притисок врз одговорните за кршење на човековите и граѓанските права, но исто така и да се насочат кон корумпираните службеници и бизнисмени, рече Тихановскаја од главниот град на Литванија, Вилнус, каде побегна по изборите.

„За жал, реакцијата на меѓународната заедница на политичката криза во Белорусија е многу скромна“, рече таа на онлајн настанот организиран од аналитичкиот центар на Европскиот совет за надворешни односи, на кој присуствуваа министрите за надворешни работи на Франција, Романија, Литванија и Полска.

Тихановскаја го повтори својот повик за одржување нови избори и заклучи дека промената може да се случи само со помош на ЕУ и САД.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Лукашенко: Украинците испратија 120.000 војници на границата со Белорусија

Катерина Ѓуровски

Лукашенко помилува 30 политички затвореници осудени по протестите

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Лукашенко издаде наредба: Ја испраќа војската на границата со Украина