Поставени сообраќајни знаци за забрана на камиони во центарот на Скопје

Од:

Екипи на „Улици и патишта“ Скопје, според утврдена програма од Град Скопје, поставија 160 сообраќајни знаци за забрана на движење тешки товарни моторни возила. Знаците се поставени на влезот во Сарај, влезот во Матка, Ѓорче Петров, влез во село Орман, влез Качанички пат, село Мирковци, Радишани, Бутел, Арачиново, Сингелиќ, клучка Автокоманда, булевар Војводина и улица 15. Корпус.

Со проектот за уредување на времен режим на сообраќај, се воведува забрана за движење товарни моторни возила над 15 тона на подрачјето на град Скопје.Сезонскиот времен режим на забраната за движење на тешки товарни возила е воведена од 1 јуни 2013.

ЈП Улици и патишта ги поставува сообраќајните знаци со цел да се заштитат коловозите од оштетувањата кои настануваат од големите оптоварувања на тешките моторни товарни возила во услови на високи дневни температури во летните денови.

Забраната ќе важи во временски период од 10 часот наутро до 20 часот и ќе трае се до 1 септември 2013 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он