(ВИДЕО) Маркоска: Во последниот кавртал од 2020 скоро 48 милиони евра се исплатени за поддршка на исплата на плати

Од:

„И во време на силна глобална економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ покажа дека се грижи и застанува зад зад секој поеднец, зад секоја компанија која има потреба од помош.

1,2 милијарди евра преку четири пакети економски мерки завршија директно кај граѓаните, кај компаниите.

Една од најзначајните мерки од овие пакети е финансиската поддршка за исплата на плати за работниците вработени во компании погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19“, рече Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

„Со оваа мерка спасивме стотици илјади работни места и помогнавме десетици илјади компании.

Според јавно објавените податоци во последниот квартал од 2020 година за оваа мерка исплатени се над 2,95 милијарди денари односно близу 48 милиони евра.

Во месец октомври биле поддржани 12.675 компании во ноември 13.220 и во декември 13.112 компании.

Поддршка за исплата на плата во месец октомври добиле 61.830 вработени, во ноември 66.093, а во декември 60.485 вработени.

Имајќи го предвид обемот и опфатот ова е една од најуспешните мерки од сетовите наменети за справување со економските последици од коронакризата.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев не застанува тука. Во финална фаза се мерките од петтиот пакет чија реализација треба да започне наскоро со цел да продолжи поддршката за најпогодените од кризата.

Како одговорна партија остануваме посветени на еднаква грижа за сите. Создаваме и реализираме политики кои имаат за цел рестарт на македонската економија и брзо враќање на претходните стапки на економски раст“, изјави Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

А1он

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

А1он

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он