На северот на Лондон изгоре една зграда, која локалната сомалијска заедница ја користеше како џамија.
Полицијата се сомнева дека пожарот е намерно предизвикан, бидејќи на остатоците од ѕидовите се пронајдени графити на ултранационалистичката група Лига на Англија за одбрана.
Наводен мотив за ова би била одмазда на британскиот војник, кој го убија исламисти.
Исламскиот центар на северот на Лондон изгоре во текот на ноќта.
Противпожарната екипа два часа се бореше со пожарот, но не успеаа да ја сочуваат зградата.
Елена Георгиевска