Тадиќ: Ракувањето со Тачи беше симболично

Од:

Лидерот на Демократската партија во Србија Борис Тадиќ изјави дека ракувањето со премиерот на Косово Хашим Тачи на на средбата во Дубровник имало симболично значење. Тадиќ наведе дека со учеството на форумот, не нарушил ниту еден акт на државната политика.

– Тоа е еден момент кој има симболично значење, не треба да се потценува, но не е акт со големи последици. Многу е важно да почнат и да завршат преговорите, да се најде решение за проблемот со Косово, изјави поранешниот српски претседател за белградски медиуми.

Додаде дека не придава никакво историско значење на тоа ракување и не треба да се преувеличува „обично ракување“ со претставници од Албанците во Косово. Тадиќ потенцира дека учествувал на средбата во Дубровник како лидер на политичка партија по покана од премиерот на Хрватска.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда