Уапсени најмалку 70 лица за време на протестите во Холандија

Од:

Холандската полиција уапси најмалку 70 лица откако избувнаа нови немири за време на протестите поради одлуката на Владата да воведе полициски час како дел од Ковид-мерките.

Шефот на полицијата Вилијам Велдерс изјави дека околу 70 лица биле уапсени до 22 часот, во Ротердам се користени водени топови, додека во Харлем е употребен солзавец за да ја растера толпата.

Полицијата соопшти дека напишале речиси 6.000 казни за кршење на мерката за забрана на движење меѓу 21 часот и 4:30 часот.

– Ова нема никаква врска со протестот, ова е криминално дело, рече премиерот Марк Руте во Хаг.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски