Бившиот дански фудбалер Даниел Агер мораше да објаснува дека не го уапсиле на протест во Москва

Од:

Поранешниот фудбалер на данската репрезентација и на премиерлигашот Ливерпул, Даниел Агер, мораше да демантира дека е приведен за време на саботните протести на руската опозиција во Москва, откако неколку руски медиуми објавија таква вест.

-Маж со име Даниел Монте Агер е задржан во Москва на 23 јануари за време на протестот за поддршка на Алексеј Навални“, објави рускиот весник „Новаја газета“, повикувајќи се на официјален претставник.

Фудбалерот објави изјава на социјалните мрежи, во која демантира дека воопшто бил во Москва. Забуната ја отстрани рускиот портал База, кој објави дека уапсениот човек е Русин роден како Дмитри Кендрел, кој во 2009 година го сменил името за да се вика како данскиот фудбалер.

Агер, односно Кендрел, се товари за учество во недозволен протест и му се заканува парична глоба во висина до 20.000 рубљи, општокорисна работа или затворска казна од 15 денови.

Фудбалерот Агер, кој ја заврши професионалната кариера во 2016 година во Брондби, одигра 75 натпревари во дресот на Данска, а за Ливерпул настапуваше од 2006 до 2014 година, освојувајќи го Лига купот во сезоната 2011/2012.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади