Грчки тренер по едрење уапсен под обвинение дека силувал 11-годишно девојче

Од:

На грчкиот остров Самос вчера беше уапсен, а денеска изведен пред истражен судија во Атина, 38-годишен тренер по едрење за кој постојат обвинувања и пријава дека пред неколку години силувал 11-годишно девојче.

Случајот, кој е дел од бранот сведоштва за сексуално злоставување што се прошири низ Балканот, го откри поранешната грчка олимписка шампионка во едрење Софиа Бекатору, која и самата, како што јавно говореше, била жртва на сексуално насилство пред 23 години.

За време на исказот пред јавен обвинител, рекла дека нејзиниот, не е и единствен случај поврзан со Грчката едриличарска федерација и по согласност, од сега веќе 20-годишната спортистка, доставила информации за новиот случај.

Потоа следела пријава и од девојката и од нејзините родители.

Обвинетиот 38-годишен човек, говорејќи за грчките медиуми, ги отфрли обвинувањата, тврдеше дека не станува збор за сексуална злоупотреба или силување, бидејќи со тогаш малолетното девојче, а сега 20-годишната, биле во врска, но не кога таа имала 11 години, туку неколку години подоцна, а дури и планирале брак.

Според грчките медиуми, тренерот кривично ќе одговара за три дела континуирано силување, континуирана злоупотреба на малолетно лице и сексуална злоупотреба, а денеска добил време до четврток да ја подготви неговата одбрана.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување