Бајден ќе ја укине одлуката на Трамп за забрана на трансродови лица да служат во армијата

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да ја поништи одлуката на претседателот Доналд Трамп според која трансродовите лица имаа забрана да служат во американската армија.

Забраната на Трамп, која постојано беше исмевана од ЛГБТ активистите и беше наречена сурова и ирационална, првпат беше презентирана пред јавноста преку Твитер во јули 2017 година.

Со таа одлука, Трамп го укина претходното одобрување на транссексуалци да бидат ангажирани во американската армија, што го издаде претседателот Барак Обама.

Белата куќа одби да го коментира најавениот план, но минатата недела секретарката за информации во Белата куќа, Џин Псаки најави дека новата администрација ќе ја укине забраната со извршен акт во првите денови на претседателскиот мандат на Бајден.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел