Турскиот театар од Скопје со „Шекспир во приказни“ во Велес

Од:

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа гостуваше ансамблот на Турскиот театар од Скопје со кореодрамата „Шекспир во приказни“.

Режијата и кореографијата е на Кери К. Невзати, а сценографијата на Јовица Мијалковиќ. Во претставата настапија Билјана Јовановска, Ерман Шабан, Зиба Радонќиќ, Неат Али, Несрин Таир, Осман Али, Селпин Керим, Сузан Акбелге, Џенап Самет и малиот Максим Петровски.

„Шекспир во приказни“ раскажува за оттуѓеноста меѓу луѓето, недовербата која ја гаиме еден кон друг, потребата грдите внатрешни пориви и конфликти да ги пренесеме на оние кои не опкружуваат.

Тоа е претстава  на потрагата по себе си и по сродниот на себе, тежнеење кон љубовта и истовремено неможноста да се прими целосно, опседнатоста со моќ и желба за доминација, која несомнено води кон пропаст и смрт. Самоуништувањето како начин на живот. Но, по смртта на еден, животот започнува со нов никулец со надеж дека оттуѓеноста ќе ја снема, дека љубовта целосно ќе обзема и смеата ќе биде едно од многуте пријатни прибежишта.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“