Во напуштена куќа во село на грчкиот остров Закинтос, полицијата пронашла 800 килограми амониум нитрат, објавија грчките медиуми.
Според локалните медиуми од островот, експлозивниот материјал бил спакуван во 32 пакувања по 25 килограми, а куќата во која што бил пронајден е напуштена откако изгорела во пожар, кој пред неколку години го зафати овој дел на Закинтос.