Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе играат во полуфиналето на Ролан Гарос по убедливите победи во 1/4 финалната програма.
Надал во три сета (6:2, 6:3, 6:1)лесно и убедливо го совлада швајцарецот Станислас Вавринка, додека нешто поголеми проблеми имаше Новак Ѓоковиќ во дуелот со Томи Хас кој исто така заврши со 3-0(6:3, 7:6, 7:5).
Во второто полуфинале ќе играат Давид Ферер и Жо Вилфрeд Цонга.