Избрани најдобрите раскази од првиот конкурс „Раскажувам фотографија“

Од:

Фондот на холокаустот на Евреите од Република Северна Македонија ги објави наградените автори на првиот литературниот конкурс „Раскажувам фотографија“ – за раскази со мотиви од предвоениот живот и страдањето на македонските Евреи.

Организаторот соопшти дека конкурсот се потврдил како исклучително успешен зашто пристигнале 138 литературни творби – најголем дел солидно напишани прози, а повеќе автори конкурирале со два или повеќе прилози.

Тричлено жири – во состав Жаклина Мучева (претседател) и Гордана Ивановска-Велковска и Томислав Османли, три месеци работеле на селекција на расказите и едногласно ги донеле одлуките за трите награди за, како што се наведува во соопштенито – „најсупериорни раскази со изразити литературни градби и книжевни квалитети, од предложеното мноштво“.

Првата награда ѝ припадна на прозата „Ѕвездата“ од Михајло Свидерски – поради драматиката на текстот набиен со внатрешен интензитет и остварена со врвна книжевна едноставност; втората награда е доделена на расказот „Ja vjeni dies“ на авторката Светлана Папачек – за мошне сугестивно раскажаната трагична приказна при што книжевниот сентимент не преминува во патетичност, и третата награда ѝ се доделува на книжевната творба „Метларот“ на Габриела Стојаноска-Станоеска – за квалитетото литераризирање и на еден мотив (и професија), кој израснува во крупна драматична метафора.

-Ценејќи го исклучителниот креативен напор вложуван во текот на целиот конкурс низ учеството со многубројни творби пишувани со познавање факти од животот на Евреите во Македонија и на еврејската религија и култура, жирито го истакнува учеството на авторот Антонио Стојановски и му доделува Специјално признание за тоа негово обемно и посветено учество. Признанието се проследува со избор на книги во издание на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, соопшти Фондот на холокаустот на Евреите.

Жирито посебно ги истакна и пофали книжевните квалитети и придонеси на финалистите на овој конкурс и за нив предлага доделување пофалници: Владимир Плавевски за расказот „Риболовци“, Билјана Лотеска за расказот „Недопеана песна“, Цвете Јовановска за расказот „Хана, девојчето со сини очи – Патување без враќање“ и Александра Ристовски за расказот „Мојот мост“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска