Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска се закажани седници на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за образование, наука и спорт и на Законодавно-правна комисија.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да разгледа повеќе годишни извештаи, за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2019 година, за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2019, за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2019 година, на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2019 годинa, на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2019 година, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2019 година….

На дневен ред се и годишните извештаи на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и за работата на Инспекцискиот совет и на Агенцијата за администрација за 2019 година, како и Предлог законот за лобирање, во прво читање.

Комисијата за образование, наука и спорт, пак, треба да расправа за Предлог – законот за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и Предлог – законот за дополнување на Законот за научно-истражувачката дејност, во прво читање.

Пред Законодавно-правна комисија за разгледување се повеќе предлог закони во прво читање, за изменување и дополнување на Законот за семејството, на Законот за превенција, на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, поднесен од група на пратеници пратеници во прво читање.

На дневен ред се и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, двата во прво читање, Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси со акциски план за нејзино спроведување 2020-2024, Предлог на законот за лобирање во прво читање и Предлог – законот за рамномерен регионален развој во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги