По церемонијата на полагање венец на Гробот на незнајниот војник на воените гробишта Арлингтон, американскиот претседател Џо Бајден заедно со првата дама, Џил, пеш дојдоа до Белата куќа.
Претседателската лимузина со регистарски таблички „46“ во чест на 46-от претседателски мандат, запре на еден блок до Белата куќа, по што Бајден и сопругата, членовите на неговото семејство и обезбедувањето пешки дојдоа до Белата куќа, застанувајќи и разговарајќи со граѓани кои беа на импровизираната платформа наспроти Белата куќа.
Претседателот и сопругата поминаа низ главните, високо обезбедени улици на Вашингтон, а на неколку пункта имаше и граѓани кои ги поздравуваа.