Викорија Азаренка од Белорусија обезбеди пласман во полуфиналето на Роланд Гарос.
Во меч кој траеше речиси два часа, третата носителка на турнирот Азаренка во два сета ја совлада Русинката Марија Кириленко со 2:0 по сетови 7:6 и 6:2.
Во своето прво полуфинале во Париз, Азаренка за противничка ќе ја има Марија Шарапова која се намачи против Јелена Јанковиќ, славеше со 2:1.