Синот на Бајден присуствуваше на инаугурацијата и покрај истрагата против него

Од:

Хантер Бајден, синот на новиот американски претседател Џо Бајден, присуствуваше денеска на церемонијата за инаугурација, и покрај сојузната истрага која се води против него поради сомнителни трансакции во странство.

Хантер пристигна на инаугурацијата во придружба на својата сопруга и малолетен син.

Тој призна дека против него е покрената истрага, но објасни дека сите свои бизниси ги водел легално.

– Оваа работа ја сфаќам многу сериозно, но убеден сум дека професионалното и објективно разгледување на ова прашање ќе покаже дека своите бизниси сум ги извршувал легално и на соодветен начин, истакна Хантер неодамна.

Бизнисите на Хантер во Кина и евентуалната вмешаност на неговиот татко во нив, беа тема и во претседателската кампања, откако беше откриено дека од неговиот лаптоп биле испраќани мејлови на една кинеска компанија.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“