Американската поп ѕвезда Лејди Гага имаше впечатлив настап на церемонијата на инаугурација на претседателот Џо Бајден во Вашингтон, а таа на сцената излезе држејќи златен микрофон.
Гага не е првата поп пејачка што ја има честа да ја отпее химната на стапувањето на функцијата на еден претседател на САД. Претходно, на таква свеченост настапија Бијонсе, која пееше на инаугурацијата на Барак Обама, а оперската дива Мери Ен Андерсон настапи на церемониите за Џон Кенеди и неговиот претходник, Двајт Ајзенхауер.
Лејди Гага настапуваше и на митинзите од кампањата на Бајден, кој ја опишува како „блиска пријателка“, изјави дека е „длабоко почестена“ што била избрана да пее на церемонијата.
Освен неа, во рамките на свечената програма по повод инаугурацијата на Бајден, ќе настапат и низа други ѕвезди, меѓу нив и Џенифер Лопез, Џастин Тимберлејк и кантри ѕвездата Гарт Брукс.