Бајден во инаугуративниот говор нема да зборува за Трамп, туку за иднината

Од:

Првиот говор на Џо Бајден како претседател нема да биде за Доналд Трамп, изјави денеска портпаролката на новоизбраниот претседател, Џен Псаки, само неколку часа пред почетокот на инаугурацијата, јави ДПА.

-Ние трошиме многу помалку време во разговари и размислување и грижа за Доналд Трамп отколку што мислам дека повеќето луѓе претпоставуваат, изјави Псаки за Си-Ен-Ен, која ќе биде секретар за печат во Белата куќа.

„Ова е говор што гледа во иднината“, изјави таа за инаугуративното обраќање, што Бајден ќе го одржи откако ќе положи заклетва околу 17 часот по средноевропско време.

Псаки кажа дека говорот ќе се фокусира на темите за единството, додаде ДПА.

-Не очекуваме луѓето да се здружат преку ноќ, призна таа, но кажа дека идејата е „преку пообединет пристап да се оди напред“.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“