Пријави за 49 верници кои го славеа Водици во Охрид, спротивно на забраните

Од:

Пријава против 49 лица кои вчера го славеа празникот Водици во Охрид, ќе поднесе полицијата. Министерството за внатрешни работи ја сомничи, групата верници кои го одбележаа Богојаваленското осветување на водите, дека го сториле кривичното дело „непостапување по здравствени прописи за време на пандемија“.

„На 19.01.2021 година во времето од 07 до 15 часот, преземени се активности со цел доследно спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на коронавирусот. Притоа, кај месноста „Сараиште“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, забележана е поголема група граѓани по што, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“, полициските службеници извршиле проверка на 49 лица. По целосно документирање , СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава“, велат од МВР.

Полицијата и пред прославата на Водици излезе со став дека групирањето и неносењето на маски е прекршување на марките за заштита од коронавирусот. Тие апелираа дека граѓаните да се воздржат од групни собирања и да ги почитуваат прописите со цел заштита на здравјето.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он