Огромен пад на бегалци од Северна Кореја

Од:

Регистриран е голем пад на бројот на Севернокорејци кои бегаат во Јужна Кореја откако Пјонгјанг ја затвори границата поради пандемијата на коронавирусот, соопшти Министерството за обединување на Република Кореја.

Бројот на бегалци од Северна Кореја постојано се намалува, па така минатата недела избегале само 229 лица, наспроти 1.047 во 2019 година.

Повеќето бегалци прво патуваат во соседна Кина, понекогаш остануваат со години пред да се упатат кон Јужна Кореја преку трети земји. Малкумина се осмелуваат директно да ја преминат демилитаризираната зона што го дели полуостровот.

Северна Кореја ги затвори своите граници за да се заштити од коронавирусот уште во јануари 2020 година, кога беа откриени првите случаи во Кина.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата