Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека заклучно со вчера вакцина против Ковд-19 примиле 15.707.588 луѓе и дистрибуирани се 31.161.075 дози.
Во САД вкупно 13.595.803 лица примиле една доза вакцина, додека 2.023.124 лица биле вакцинирани со втората доза, а сите вакцини биле произведени од Фајзер/Бионтек и Модерна.
Во институциите за згрижување стари лица искористен се 1.745.441 дози вакцини.
Претходно беше соопштено дека целта на државните и здравствените власти во САД е да се вакцинираат 20 милиони луѓе до почетокот на оваа година, но тој план е далеку од целта.