„Водовод“ побарува 3,1 милијардa денари за неплатени сметки

Од:

Вкупните побарувања на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ достигнаа 3.116.315.566 денари, информира денеска на прес-конференција раководството на претпријатието, апелирајќи за навремено плаќање на сметките за вода.

Бараат оние кои имаат заостанат долг, навреме да го подмират, бидејќи, укажуваат, согласно законските одредби, претпријатието имало можност да покрене тужба против корисник кој има заостанат долг од 1 година.

Износот на ненаплатени редовни побарувања од домаќинствата  достигнал  552.827.395 денари,  а  на тужените побарувања 1.153.386.165,50.  Од стопанството имаат редовни побарувања од  301.496.254 денари, а тужени во износ од 213.162.398 денари.  Ненаплатените редовни и тужени побарувања за смет изнесуваат околу 700 милиони денари.

Стојан Србиноски, директор на ЈП „Водовод и канализација“, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција рече дека ќе нема поскапување на водата и оти  финансиската состојба на претпријатието е стабилна.

Според Србиноски, граѓаните имаат можност да ги платат сметките во банка, пошта, во наплатните пунктови на „Водовод и канализација-Скопје, како и електронски преку апликацијата за плаќање сметки поставена на веб страната на претпријатието.

– Оние кои имаат заостанат долг, може да го платат на рати, со претходно потпишување соодветен договор, земајќи го во предвид висината на долгот. Досегашното искуство покажува дека договорите за отплата на заостанатите долгови на рати во глобала се почитуваат. Непочитувачите по доставена опомена се доставуваат за наплата кај овластени извршители, информира Србиноски.

Најкритични општини за наплата, како што рече,  се  општините Шуто Оризари и Сарај.

Навременото плаќање на сметките и почитувањето на исклучително чистата вода за пиење, според Србиноски, водат кон континуирано одржување на водоводната мрежа, инвестирање во водоводната инфраструктура, постојана замена на старите цевководи со нови, замена на старите водомери, воведување на нивно далечинско отчитување, навремено санирање дефекти, како и намалување на нивниот обем.

Ќе се овозможи и секојдневна контрола на квалитетот на водата од 36 различни мерни точки, модернизација на Лабораторијата за контрола на квалитетот на водата.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“