„Да се зацели е да се сеќава“, Бајден оддаде почит на жртвите на Ковид-19 во САД

Од:

Во пресрет на неговата инаугурација како 46 претседател на САД, Џо Бајден синоќа пристигна во американската престолнина и првото нешто што го стори е оддаде почит на 400.000 починати Американци од коронавирусот изминативе 12 месеци.

Церемонијата, која се одржа пред Меморијалот на Линколн, беше кратка.

-Да се зацели е да се сеќава. Понекогаш е тешко и тоа, но само така може да се излечиме Тоа е важно да го направиме како нација, затоа сме овде. Помеѓу залезот на сонцето и осамнувањето, нека светат светилките во темнината покрај светиот базен, за рефлексија и сеќавање на сите кои ги изгубивме, кажа Бајден во својот говор.

Езерото пред меморијалот синоќа беше украсено со 400 лампи, една за секои 1.000 жртви

Исто беше и со некои од главните објекти во САД, како Емпаер стејт билдинг во Њујорк и Вселенската игла во Сиет, што беа осветлени во боја на килибар, во спомен на починатите. Повеќе градови низ САД, од Мајами до Сан Диего, исто така осветлија згради, а Американците беа охрабрени да запалат свеќи на своите прозорци.

Во очи на неговата инаугурација, Бајден започнува со гест на зацелување на нацијата – оддавање спомен на жртвите од Ковид-19. Спротивно на постапките на досегашиот претседател, Доналд Трамп, кој ретко ги споменуваше мртвите, а во добар дел од изминатата година и го негираше коронавирусот.

Полагањето на заклетвата започнува утре во 12 напладне источноамериканско време. Националната алеја, шеталиштете што води од меморијалот до Капитолот на САД, е затвореноа за јавноста поради закани од насилство, по срамните моменти со нападот на Конгресот на 6 јануари.

За првпат во поновата американска историја, церемонијата на скалите на Капитолот денеска ќе се оддржува без публика и без присуства на Трамп, за трансфер на власта од актуелниот претседател во заминување, а во услови на продлабочено зголемена безбедност и присуство на над 20.000 војници од Националната гарда на САД.

Целиот град е блокиран, огради со метални мрежи се поставени насекаде низ центарот, патролира војската, се движат оклопни возила. Неверојатен и прилично тажен факт за мнозинство од Американците.

Националното шеталиште е покриено со илјадници знамиња на САД, кои ги претставуваат илјадниците граѓани кои нема да можат да присуствуваат на денешната инаугурација.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски