ВИДЕО: Клацкалки за деца на оградата меѓу САД и Мексико добија награда за најдобар дизајн

Од:

Привремена интерактивна инсталација на клацкалки, поставени од двете страни на ѕидот кој е во изградба на американско-мексиканската граница, ја доби престижната награда за дизајн на годината „Бејзли“, која секоја година ја доделува лондонскиот Музеј на дизајнот.

Инсталацијата, поставена во јули лани, се состоела од три светлорозеви клацкалки поставени меѓу решетките од челичната ограда, изградена од администрацијата на Доналд Трамп со цел да го запре приливот на доселеници од јужниот американски сосед и другите држави од Централна и Јужна Америка.

На клацкалките можеа да си играат деца од градот Ел Пасо во Тексас и нивните врсници од сиромашната населба Анапра во мексиканскиот град Хуарез, кои живеат на најпреминуваната граница во светот, но се спречени да играат заедно поради строгите американски политики за имигрантите.

Авторите детално објаснија како се подготвувала инсталацијата во петминутно видео:

Инсталацијата наречена „Ѕид од клацкалки“ има идеја да ја илустрира нераскинливата врска меѓу двете земји, според авторите, кои ја создале во соработка со уметничката дружина „Колективо Чопеке“ од Хуарез.

„Она што го правите од едната, има влијание врз другата страна. Тоа е всушност една клацкалка,“ вели за Си-ен-ен архитектот од Калифорнија Роналд Раел, кој е автор на делото, заедно со колешката и соработничка Вирихина Сан Фратело.

Според него, настанот бил „исполнет со радост, возбуда и заедништво на граничниот ѕид“.

Поради чувствителната тема за изградбата на челичната ограда висока седум метри на границата, на проектот му биле потребни дури десет години за да се оствари, а за само дваесетина минути, колку што траеше инсталацијата и се емитувал пренос во живо на социјалните мрежи, граничните клацкалки станаа вирални.

„Ѕидот од клацкалки“ поттикна нови начини на меѓучовечко поврзување,“ изјави Тим Марлоу, директорот на Музејот на дизајнот во Лондон. „Тоa претставува еден инвентивен и горчлив потсетник на тоа како човечките суштества можат да ги порази силите што сакаат да нè раздвојат“, додава тој.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски