Рускиот претседател Владимир Путин се нурна во ладната вода во Московската област на православниот празник Богојавление.
Путин. Подмосковье. -20 pic.twitter.com/aVZxokcQ05
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) January 19, 2021
Тој влезе во дупката во водата направена во облик на крст, се прекрсти три пати и се нурна во ладната вода.
-Владимир Путин учествуваше во богојавленското бањање и тоа е негова традиција која не ја менува поради ништо, рече портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков.