СДСМ: Владата продолжува со силна поддршка на македонското стопанство, 5,9 милиони евра бескаматни кредити за 506 компании

Од:

„Владата предводена од СДСМ во новата 2021 година преку одговорен, отчетен и инклузивен пристап, реализира политики што обезбедуваат економски раст, поконкурентна економија и подобар животен стандард за сите.

Во тек е процесот на креирање на петтиот пакет економски мерки со кој поддршката за домашната економија ќе продолжи уште повеќе и уште подобро“, велат СДСМ.

„Преку четири пакети антикризни мерки во домашната економија вбризгавме над една милијарда евра, спасивме стотици илјади работни места, помогнавме илјадници компании.

Дел од овие мерки е и КОВИД 3 бескаматната линија наменета за микро и мали трговски друштва, односно за трговци-поединци и занаетчии, со која 5,9 милиони евра завршуваат кај 506 компании кои вработуваат 3.552 лица.

Оваа година ќе биде година на економски раст, со силна поддршка за македонското стопанство, со цел брзо надминување на негативните последици од коронавирусот.

СДСМ како одговорна партија продолжува со грижата за сите граѓани, за сите компании“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он