САД го осудија апсењето на Навални

Од:

САД силно го осудуваат апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални и бараат негово „безусловно ослободување веднаш“, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент.

-Со огромна загриженост гледаме дека приведувањето е последно од низата обиди за замолчување на Навални и другите опозиционери и независни активисти, критичари на власта во Русија, изјави синоќа државниот секретар Мајк Помпео.

-Уверени политички лидери не се плашат од гласовите на конкуренцијата, ниту пак вршат насилство против, или противправно ги апсат опонентите. Рускиот народ, како и сите други, заслужува власт која поддржува слободен проток на идеи, транспрантно и одговорно владеење, независно судство и почитување на основните човекови права за изразување и собирање без страв од одмазда.

САД ја повикуваат руската влада да обезбедни еднакви услови за сите политички партии и кандидати кои сакаат да учествуваат во изборниот процес.

-Алексеј Навални не е проблемот, бараме негово безусловно ослободување веднаш, истакна Помпео во соопштението.

Би можело да ве интересира

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен