Бразилската национална агенција за надзор на здравјето го одби барањето за одборување на итна употреба на руската вакцина против Ковид-19, Спутник V. Според извештајот на Агенцијата барањето не ги задоволувало минималните критериуми за оваа задача.
„Барањето е вратено на компанијата „Униао Кимики“ зато што не одговара со минималните критериуми, особено поради отсуството на дозвола за третата фаза од клиничките испитувања како и во врска со прашањето кое се однесува на напредните производствени методи“ – пишува на сајтот на Агенцијата.
На крајот од декември „Униао Кимики“ која е партнер на Рускиот фонд за директни инвестиции побара дозвола за спровдување на третата фаза клинички испитувања на вакцината Спутник во Бразил.
Агенцијата првично рече дека дозволата би можела да биде издадена во рок од 72 часа, но потоа побара дополнителни информации за вакцината.