ЕК ќе ја прифати идејата на Мицотакис за заедничка потврда со која ќе се докажува вакцинирањето

Од:

ЕУ поддржува воведување потврда за вакцинирање против новиот коронавирус што би била „заемно призната“. Тоа го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Во изјава за португалски медиуми пред нејзината посета на Лисабон денеска, таа нагласи дека „медицински е важно да имате потврда за вакцинација. Затоа ја поздравувам иницијативата на грчкиот премиер Мицотакис за заемно признат сертификат за вакцинација”.

„Дали тоа ќе даде приоритет или пристап до одредени добра е политичка и правна одлука што треба да се разгледа на европско ниво“, додаде фон дер Лајен.

Европските 27 треба да разговараат за координација на мерките за време на пандемијата на самит следниот четврток.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он