Спортскиот директор на Фенербахче, Емре Белезогу зборуваше за можниот трансфер на играчот за врска на Арсенал, Месут Озил.
– Гледам позитивно на тоа, имаме планови за Озил, но досега тој има договор со неговиот клуб. Тој е суперѕвезда и јас би бил многу среќен да го донесам кај нас. Ние веќе се сретнавме со него и неговиот агент. Веднаш штом ќе се сретне со неговиот клуб, ќе разговараме за условите.
Но, Фенербахче и многу други клубови веќе не се во можност да плаќаат на играчите 4-5 милиони евра годишно, потенцира Белезоглу.
Оваа сезона Озил нема заиграно за Арсенал. Германецот не беше вклучен во составот за сезоната. Неговиот договор важи до летото 2021 година.