Американската амбасада во Каиро ги предупреди туристите дека не би требало да ги посетуваат примидите во Гиза, доколку не се во придружба со водич од доверба.
Пирамидите сместени надвор од главниот град на Египет, опстојуваат и по 4.000 години.
И покрај тоа што нивната важност, но и атрактивност е неспорна, треба да се размисли дали да се посетат, бидејќи според соопштението на Американската амбасада, кај нив има многу криминалци и агресивни продавачи, а малку полиција.
-Според бројни изјави на туристи, обезбедувањето или полицијата се премалку во близина на примидите. Граѓаните на САД треба да избегнуваат ноќни прошетки и да одат само со водич кому му веруваат-стои во соопштението на амбасадата.
Во 2012 година државата заработи 10,1 милијарда долари од туризмот, но е забележан пад последниве неколку години, бидејќи во 2010 година Египет заработи 14 милијарди.
Египет тврдењата на Американската амбасада ги оцени како неосновани, бидејќи државата е потполно безбедна.
Елена Георгиевска