Асоцијацијата на европски новинари реагира на притворањето новинари од страна на македонските судови и посочуваат дека се влошува состојбата со медиумите во земјава. Од асоцијацијата бараат новинарот Томислав Кежаровски без одложување да биде ослободен од притвор.
АЕН е длабоко загрижена поради неодамнешните случувања во Македонија,каде истражувачкиот новинар Томислав Кежаровски е притворен и врз него наводно е вршено притисок да ги каже своите извори на информации за текст кој е напишан во 2008 година во кој тој открива идентитет на заштитен сведок.
Неприфатливо е за земја која бара признанија за демократските стандарди и влез во Европската унија да го користи судскиот ситем за малтретирање и заплашување на новинарите на ваков начин. Македонија во моментов е рангирана на 116 место на последниот индекс на слобода на Репортери без граници, каде падна од 94 место кое го имаше претходно.
Ова сигнализира брзо влошување во медумската средина во земјата, а притворот на новинарот Кежаровски демонстрира недостаток на потребната заштита на новинарите во земјата.
АЕН изразува поддршка до колегата и неговото семејство и ги повикува македонските власти да го отфрлат случајот и да го ослободат од притвор без одложување, се вели во реакцијата на Асоцијацијата на европски новинари.