Во старски дом во местото Елизабет во Германија 51 од вкупно 58 жители се заразени со коронавирус. Управникот на домот вели дека вирусот најверојатно го внел тимот за вакцинација кој пред неколку дена бил во објектот.
Уравникот објаснува дека по воведувањето на правилот за влез во домот само со негативен резултат на тестот за коронавирус немало ниту еден случај на заболени. Тој дополнува дека поголем проблем е тоа што заболена е и голема бројка од вработените. 33 од 55 негуватели се на боледување поради Ковид-19.
Надлежните здравствени власти го отфрлаат тврдењето дека тимот за вакцинација го внел вирусот во домот. Објаснуваат дека сите во тимот носеле маски и заштитни одела и оти практично е невозможно да се пренесе вирусот при вакцинација оти контактот е исклучително краток.