Во минатата недела имало 2.471 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, што е зголемување од 6,1% во однос на минатата недела, стои во најновиот извештај од Институтот за јавно здравје за периодот од 4 до 10 јануари годинава. Процентот на позитивни од тестирани во споменатиот период изнесува 19%.
Тестирани биле вкупно 13.022 материјали, што е за 20,8 отсто повеќе во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години.
Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (19,0%), 50-59 (18,4%), 30-39 (18,4%) и 20-29 (13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,6%) и 10-19 години (4,0%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.460 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 14,8% повеќе во споредба со минатата недела.
Вo последнава недела, 74 луѓе од 24 града починале како последица на Ковид-19, што е намалување од 20,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 64 лицa биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.